ЕУ и Кина меѓусебно се обвинуваат за неуспешните разговори за климата во Г20

Европската унија и Кина разменуваат во средата меѓусебни критики поради неуспехот во климатските преговори на минатонеделниот состанок на групата 20 најголеми економии во светот Г20.

По завршувањето на преговорите на Вали, туристичкиот остров на Индонезија, дваесетте влади не успеаја да договорат заедничка изјава за климатските промени. Дипломатски извори велат дека некои земји, меѓу кои и Кина, биле незадоволни од формулацијата во заедничката изјава која веќе била договорена и наводно се надоврзувала на претходните договори.

Потпретседателот и воедно комесар на Европската комисија за климата, Франс Тимерманс, го обвини „најголемиот емитер на планетата“ – а тоа се однесуваше на Кина – дека се обидува да се откаже од Договорот за климата од Глазгов прифатен ланскиот ноември по дводневниот самит под покровителство на Обединетите нации.

„Некои од многу, многу големите играчи на планетата се обидуваат да се откажат од она што веќе беше договорено во Глазгов. А некои од нив, дури и најголемиот емитер на планетата, се обидуваат да се сокријат зад развиените земји користејќи аргументи, коишто мислам, не се веќе одржливи“, изјави Тимерманс на состанокот во холандски Ротердам на темата за климатските промени во Африка.

Кинескиот удел во емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина во моментов на годишно ниво изнесува околу 30 отсто, според што е првиот емитер на светот сега, а следат САД додека ЕУ е на третото место. САД, инаку, историски гледано се најголемиот емитер на ткн стакленички гасови.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли таквите обвинувања од страна на ЕУ и наведува дека Пекинг бара „прецизно“ толкувања на претходните договори за климата.

Парискиот договор за климата од 2015 година, на пример, ги обврзува богатите земји, а емисиите на тие земји главно се одговорни за глобалното загревање, да бидат најбрзите во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксидот, а по нив доаѓаат земјите во развој. Според Парискиот климатски договор, Кина е дефинирана како земја во развој.

„Како земја во развој, Кина којашто секогаш стои покрај големиот број земји во развиј и цврсто ги брани нивните заеднички интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Богатите земји не ја исполниле преземената обврска за финансирање на програмите за борба против климатските промени и тоа беше извор на тензиите на преговорите на Бали. ЕУ, како блок на 27 земји, пак, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), финансиски најмногу издвојува за борбата против климатските промени.

Кина вети дека врвот на емисиите ќе биде достигнат во 2030 година и во тој процес кинеските емисии на штетните гасови би можело да растат, според ЕУ, бидејќи отвора нови термоцентрали на јаглен. Пекинг ги отфрла повиците од Брисел да ја измени таа цел и да зададе покус рок за намалување на емисиите.

Меѓутоа, кинеската дипломатија одговори дека кинеската обврска за транзиција е „цврста“, и напротив ги обвини земјите во ЕУ дека се враќаат на јагленот за да го надоместат рускиот гас од кој се откажуваат поради нивните санкции против Русија поради војната во Украина.

„Нивниот (на Европејците) зелениот план и процесот за намалување на емисиите на јаглеродот сега оди во спротивна насока“, посочија од Пекинг.

Кинеската нафтена компанија „Sinopec“ објави минатиот понеделник дека ја ставил во функција најголемата постројка за фаќање, користење и складирање јаглерод (CCUS), додавајќи дека во 2025 година планира да изгради уште две постројки со слична големина.

 

Државниот нафтен гигант започна да го гради овој погон пред повеќе од една година, кој би требало да го фаќа јаглерод диоксидот од производството на водород во неговата рафинерија во Килу во покраината Шандогн и ќе го вбризгува во 73 нафтени бушотини во блиското нафтено поле Шенгли. Компанијата минатата 2021 година зафатила и складирала повеќе од 1,52 милиони тони јаглерод диоксид, а планира уште два пилот-проекти во следните неколку години на нафтените полиња Хуадонг и Џиангсу. Ќе бидат разгледани и можностите за основање истражувачко-развиен центар до 2025 година, кој би се фокусираа на развој нови технологии, како што е поврзувањето на фаќањето и складирањето на јаглерод диоксид со енергијата од ветрот и сонцето и се енергијата од водородот и биомаса.

Европските политичари на обвинувањата од Пекинг одговараат дека повторното вклучување на јагленот како главна база за добивање енергија е „привремена мерка“ и дека нема да ги наруши целите на ЕУ да ги спроведе преземените обврски. ЕУ зададе цел да ги намали своите емисии на 55 отсто до 2030 година во одност на нивото од 1990 година.