ЕУ и Лондон го усогласија текстот за разидувањето, но противниците се незадоволни

Европската унија и Велика Британија го усогласиле нацрт-договрот за истапувањето од членството кој премиерката Тереза Меј ќе го претстави во средата пред своите министри, соопшти британската влада по повеќе од една година мачни преговори меѓу Лондон и Брисел.

Нејасно е дали британската премиерка Тереза Меј, којашто ја доби задачата да го спроведе првото повлекување на една суверена држава од Европската унија, ќе ја добие поддршката од пратениците во британскиот парламент, имајќи предвид дека поборниците на ткн „тврд брегзит“ ја обвинуваат за попустливост кој Брисел, коментира агенцијата Reuters.

Владата во Лондон ќе има состанок во 14 часот по локално време за да го разгледат предлог договорот кои преговарачите го заклучиа во Брисел и ќе одлучува за следните етапи, а на министрите им беше порачано „да го прочитаат договорт пред состанокот“.

Во среда попладнетов во Брисел би требало да се ссретнат и амасадорите на другите 27 земји членки на Европската унија, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на два дипломатски извори. Потврда за договорот за агенцијата Reuters и висок функционер ЕУ.

Претходно во вторникот ирската јавна телевизија RTE објави дека британските и европските преговарачи го усогласиле за границата во Ирска, но дека тоа не значи дека преговорите за брегзитот. RTE, исто така, јави дека договорот ги вклучува таканаречените „бекстоп“, заштитен механизам кој би осигурил границата на ирскиот остров да остане отворена и по брегзитот. Овој заштитен механизам би спречувал враќање на физичката граница меѓу Северна Ирска, којашто е покраина во Обединетото Кралство, и Република Ирска којашто е членка на Европската унија.

„Тоа би претставувал царински договор кој би важел за целата територија на Обединетото Кралство, а доредбните за Северна Ирска би биле ’подлабоки’ во смисла на царините и прописите“, напиша на Twitter новинарот Тони Конели.

Според изворите на кои се повикува RTE, договорот предвидува останување на целото Обединето Кралство во царинска унија со Европската унија, а не само на Северна Ирска.

Британската премиерка Меј сега мора да ја убеди својата поделена Конзервативна партија да ја прифати договорот со Брисел. Меѓу самите ториевци кои се поборници на брегзитот, стравуваат дека таквиот договор ќе ја принуди Британија да со години да тргува според трговските прописи на ЕУ и ќе го спречи вистинското прекинување на врските. Партнерската партија на Тереза Меј во парламент, малата северноирска унионистичка партија DUP којашто и’ е неопходна за апсолутно мнозинство во парламентот, долго се бореше за тоа Северна Ирска да не биде третирана поинаку од остатокот на Обединетото Кралство.

Завршувањето на преговорите бо можеле да доведат до вонреден самит на Европската унија на 25-ти ноември, на кој би бил потврден договорот. Времето, инаку, ги притиска и Брисел и Лондон, бидејќи британскиот парламент и парламентите на земјите членки мора да го потврдат договорот до датумот за истапувањето, вечерта на 29-ти март 2019 година. И британската и европската престолнина, исто така, имаат потреба од договор кој ќе обезбеди проток на трговијата меѓу најголемкиот трговски блок на светот и Велика Британија каде што се наоѓа најголемиот меѓународен финансиски центар.

Премиерката Меј се бореше да го изведе истапувањето од 46-годишнот членство во ЕУ без штетни последици, но нејзиниот компромисен план ги загрижува и поборниците на брегзитот и оние кои проевропски настроени и шкотските наицоналисти, северноирските унионисти, а во крајна линија и министрите во владата на Меј.

Нејзниот поранешен министер за надворешни работи Борис Џонсон, ја обвини Меј дека ја продала Велика Британија и најави дека ќе се бори против тоа. „Тоа е ѓаволски пакт“, рече Џонсон и најави дека ќе гласа против „непрофатливиот договор“ и им порача на пратениците „Отфрлетет го!“.

Се чини дека Меј сега мора да ја совлада целата планина, оценува Reuters, и додава дека по објавувањето на веста за тоа дека усогласен текстот за договорот за брегзитот пораснала британската фунта.