ЕУ и САД почнале да разработуваат големи санкции против Русија во ноември 2021-ва

Европската унија и Соединетите држави започнале да подготвуваат обемни санкции против Русија во ноември 2021 година односно четири месеци пред нејзината инвазија во Украина што подоцна во беше објаснета како причина за нивното воведување, пишува во неделата европското издание на весникот Politico повикувајќи се на извори од ЕУ.

Во написот во кој се анализира „посебниот однос“ меѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, весникот наведува дека добил потврда дека разработувањето на санкциите против Русија од страна на Вашингтон и Брисел, започнале не само многу пред почетокот на нападот на руските трупи во Украина на 24-ти февруари 2022 година, туку и пред иницијативата од крајот на декември 2021-ва и почетокот на јануари 2022-ра на руската страна за постигнува договор со НАТО и САД за давање безбедносни гаранции на Руската Федерација.

Според тој предлог, Русија бараше запирање на проширувањето кон нејзините граници, повлекување на базите за трупите на НАТО и стратешките системи зад границите од 1997 година, како и одбивање членки на воениот блок да станат земјите од нејзиното непосредно опкружување, во прв ред Украина и Грузија. Вашингтон и Брисел тогаш го одбија предлогот на Москва, одговарајќи дека секоја земја има право на суверено одлучување за својата иднина.

Според сознанија на Politico, во ноември 2021-та во текот на состанокот во Овалната соба на Белата куќа, Бајден кој „само што ги слушнал брифинзите од претставниците на службите за национална безбедност и разузнавачките служби за концентрацијата на руските трупи на границата“ ѝ ја изразил својата загриженост на Фон дер Лајен. По овој состанок челничката на ЕК започнала тајно да работи со претставниците на американската администрација на пакет санкции кои би биле воведени против Русија доколку „Москва реши да испрати трупи преку границата“.

За весникот фактот за тајното развивање на антируските санкции е доказ за „посебниот однос“ меѓу шефовите на Белата куќа и на Европската комисија и аргумент во полза на тврдењата за неопходноста не само од реизбор на Бајден за вториот мандат на изборите во 2024-та, туку и за назначувањето на Фон дер Лајен за вториот мандат на чело на ЕК во истата година во името на „трансатлантската иднина“

Во написот на Politico, исто така, се истакнува дека некои од несогласувањата коишто сѐ уште постојат во односите меѓу ЕУ и САД, особено околу контроверзниот американски закон за намалување на инфлацијата (IRA) кој со големи субвенции почна да ги привлекува на селење во Америка и на најголемите европски компании, што ја поткопува конкурентноста на европската економија.

Како повратен удар од десетината пакети санкции против Русија, се потсетува, се потсетува, повеќекратно скокнаа цените на енергијата и храна, на инфлацијата по повеќе од речиси четири децении се искачи на нивоа повисоки по во САД и земјите од ЕУ. Во еврозоната инфлацијата за минатата 2022 година изнесуваше 9,2 отсто на годишно ниво, а економскиот раст речиси нула проценти и ја поттикна рецесијата. Покрај тоа, поради сериозните шокови во глобалниот логистички систем на глобално ниво предизвика преструктуирање на редица економии во развој и поткопување на свветскиот финансиски систем базиран на американскиот долар.