Српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со претставниците на Евроспакта унија во понеделникот изјави дека на крајот од август започнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка линија до Прешево,.
Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Македонија, посочи Вучиќ.
„Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена“, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.
Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе бидат подарени пари од ЕУ.
„Над 600 милиони безвратни пари, дури и ако се работи за варијанта со 35 отсто, за фантастичниот проект што не поврзува со Скопје, Солун, Атина…. Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година“, изјави Вучиќ.
Им се заблагодари на луѓето од ЕУ, потенцирајќи дека „ова е голема шанса за Србија и голема надеж“, најавувајќи проекти кои „драстично ја менуваат земјата“.
Кога станува збор за пругата, Вучиќ изјави дека ќе се гради комплетна пруга од Ниш до Прешево, што е тешко, особено во Грделичката клисура.
„Верувам дека од Белград до Скопје, со сите станици, ќе се патува нешто повеќе од 3 часа, околу 3 часа и 30 минути до Скопје од главниот град на Србија. Со авион не можете побргу да стигнете. Ова се неверојатни промени“, изјави претседателот на Србија
Прецизираше дека се дискутирало за пет варијанти, а Србија ја прифатила варијантата 4, каде цената е 1,766 милијарди евра до Ниш, со најмалку 600 милиони помалку, бидејќи ЕУ ќе даде толку.
Според него, инвестирањето во Србија ќе придонесе за раст на животниот стандард.
Претседателот на Србија потоа објави мапи на новата железничка инфраструктура во Србија.