ЕУ и СЗО ќе го помогнат вакцинирањето во земјите на Источното партнерство

Европската унија и Светската здравствена унија (СЗО – WHO) објавија во четвртокот дека во текот на три години ќе потрошат 40 милиони евра за да обезбедат пристап до вакцините против Covid-19 за Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија и Украина од групата Источно партнерство.

„Парите првично ќе се користат како поддршка во фазите за приправност и подготвеност, со акцент на непосредните потреби во стратешките сфери, како што се планирањето, опремата и резервите, обуката на здрвствените работници и информациите. Потоа ќе следи поддршката за ефикасна распределба и контрола на спроведувањето на вакцинирањето“, соопштија од СЗО.

„Со оваа нова програма, ЕУ се обврзува да ги поддржи нашите источни партнери во борбата против здравствената криза. Заедничкото делување, исто така, ќе ни овозможи забрзано да работиме на одржливо општествено и економско опоравување на регионот“, изјави европратеникот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Од Брисел додаваат дека оваа програма произлегува од фондот од милијарда евра помош која ЕУ досега го мобилизирал за решавање на пандемијата и поддршката на долгорочните социоекономски закрепнувања на регионот на истокот од Европа.

Споменатите Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија и Украина, поранешните советски републики, го сочинуваат Источното партнерство, посебен формат на политиката на соседство на Европската унија чија цел е да се постигне најблиско можно политичко придружување и најголем степен на економска интеграција.