ЕУ и Јужна Кореја повикаа на повлекување на наводните севернокорејски трупи од Русија

Јужна Кореја и Европската унија во понеделникот заеднички го осудија дека Северна Кореја ја снабдувала Москва со оружје и побараа да ги повлече трупите што наводно ги испратила таму додека Русија е во војна со Украина, уште еднаш без да понуда каков и да е доказ за овие тврдења.

ЕУ и Јужна Кореја го одржаа првиот состанок за „стратешки дијалог“ во Сеул, веднаш откако Вашингтон и Сеул го предупредија светот дека Северна Кореја наводно испраќа војници „за да ѝ помогне“ на Русија, којашто инаку има воени резерви од над три милиона воени обврзници.

Во заедничката изјава, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Чо Тае-Јул, ги осудија „нелегалните трансфери на оружје на Северна Кореја за Руската Федерација за употреба во нападите врз Украина“. Тие побараа прекин на „нелегалната воена соработка“ и повлекување на севернокорејските воени сили.

Борел се сретна и со јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-Хјун.

„Руската агресија против Украина е егзистенцијална закана“, напиша Борел во објавата на X покрај фотографијата на која се ракува со Ким. „Република Кореја може најдобро да го разбере ова. Ние сме обединети во поддршката на Украина. Двете земји потпишаа и документ за безбедносно и одбранбено партнерство кој опфаќа 15 области. Меѓу нив се сајбер безбедноста и разоружувањето.

Минатата седмица на новинарско прашање дали Сеул може да испрати оружје во Украина како одговор на фактот дека Северна Кореја ѝ помага на Русија, Чо одговори дека се разгледуваат сите можни сценарија.

Јужна Кореја и обезбеди јавно на Украина помош без оружје, вклучително и опрема за деминирање, но наводно го одби барањето за испраќање оружје. Меѓутоа, според извештаите во западните медиуми Сеул минатата година им испорачувала на западните сојузници на Киев артилериска муниција и друго вооружување, како дел од нивното кое ги испорачуваат во Украина и дел од јужнокорејската опрема завршила на фронтот.

Сеул очекува Северна Кореја да добие компензација од Москва во воена и цивилна технологија, бидејќи се обидува да лансира уште еден сопствен шпионски сателит и да ги надгради ракетните капацитети на земјата.

Минатата седмица Северна Кореја ја покажа својата воена моќ со тестирање голема нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво наречена „Хвасонг-19“.

Вашингтон очекува севернокорејските трупи наскоро да влезат во борбата против украинските сили во руската област Курск, чиј дел беше заземен од украинската војска, којашто последните седмции со големи загуби во жива сила и тешки борбени возила и американски лансирни системи е потиснувана кон границата со Украина.

За време на разговорите одржани во петокот во Москва, севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи рече дека нејзината земја ќе ја поддржува Русија до „крајната победа“, но не потврди дека севернокорејските војници се наоѓаат на руска територија иако посочи дека тоа би било законски според меѓународното право и Повелбата на ОН.