Европската унија ги поздрави во средата изборите за претседателството во Федерацијата на Босна и Херцеговина одржани во неделата и ја прими на знаење одлуката на високиот претставник Кристијан Шмид без дополнителни коментари,
Ноќта спроти започнвуањето на изборите на 2-ри октомври, Канцеларијата на високиот претставник, Кристијан Шмид, објави дека ги менува и Уставот и изборниот законик во земјата, што предизвика лавина реакции во земјата и надвор од неа, поради тоа што ќе има влијание врз формирањето на владините коалиции и застапеноста на етничките групи.
Европската Унија одбива да ја коментира одлуката.
„ЕУ ја прими на знаење одлуката на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, да ги менува Уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и изборното законодавство на Босна и Херцеговина на денот на изборите. Потсетуваме дека неговата извршна моќ треба да се користи само како последна опција во случај на непоправливи нелегални дејствија“, стои во реакцијата на ЕУ.
Понатаму Брисел не сака да произнесе дали го поздравува и критикува овој потег на Шмит кој предизвика лавина реакции во граѓанскиот сектор во Босна и Херцеговина.
Во однос на самите избори ЕУ, согласно проценките на ОБСЕ/ОДИХР, изјави дека тие биле генерално конкурентни и добро организирани, но дека ги обележи “недовербата на граѓаните во јавните институции“ и реторика на етничка поделба. Европската Унија ги повика властите да се справат со наводите за нерегуларности.
Од лидерите во БиХ сега се очекува одговорност и соработка за формирање на владите и на парламентите на сите нивоа.
Босна и Херцеговина чека кандидатски статус за ЕУ, за што треба да исполни претходно 14 клучни критериуми.