ЕУ издвои уште 110 милиони евра за мигрантите во Турција

Европската комисија соопшти дека издвоила уште 110 милиони евра, во рамки на договорот со Турција во областа на миграцијата.

Средствата кои се испратени денеска ќе се поделат на два дела. Од нив 60 милиони евра ќе се обезбедат храна, лекови и сместување за мигрантите, кои се вратени од Грција во Турција. Останатите 50 милиони евра ќе се употребат за итни потреби на сириските бегалци, кои се прифатени во Турција.

Договорот ЕУ-Турција предвидува помош од вкупно три милијарди евра, од кои една милијарда ќе бидат обезбедени од буџетот на Унијата, а останатите средства од земјите членки.