Лидерите на Европска унија и земјите членки на ЕУ во консултација со партнерите од Западен Балкан денеска во Софија усвоија Декларација во 17 точки, со кои е повторена недвосмислената поддршка за европската перспектива на регионот, но во која се наведени и задачите и принципите што треба да бидат исполнети за време на процесот на евроинтеграција. Усвоен е и Анкес на декларацијата што се однесува на зајакнување на врските и соработката меѓу ЕУ и Западен Балкан.
ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на европските вредности и принципи и на визијата за силна, стабилна и обединета Европа, поткрепена со нашите историски, културни и географски врски и нашите политички, безбедносни и економски интереси, стои во официјалниот документ.
Според Декларацијата, ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан да им дадат приоритет на демократијата и на владеењето на правото, особено на борбата против корупцијата и организираниот криминал, доброто управување, како и на почитувањето на човековите права и правата на лицата што им припаѓаат на малцинствата. Нивното ефективно спроведување на реформите се заснова врз овие темели. Граѓанското општество и независните медиуми.
ЕУ ги поддржува заложбите на партнерите од Западен Балкан да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи, регионалната стабилност и меѓусебната соработка. Ова особено вклучува наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзнички решенија за нивните билатерални спорови вкоренети во легатот од минатото и посветување дополнителни напори за помирување“, пишува меѓудругото во Декларацијата.