ЕУ ќе го преживее економскиот подем, ако продолжи со реформите

Европа ќе го преживее економскиот подем, ако продолжи да воведува реформи, посочуваат еврокомесарите за правда Вивиен Рединг и за економски и монетарни прашања Оли Рен за германскиот весник „Ханделсблат“, пренесоа агенциите.

„Ако го задржиме курсот кон реформите, оваа година и наредните Европа може да се надева на засиленото економско заздравување“, наведуваат тие.

За многу граѓани тешкотиите се’уште не исчезнале, но и покрај тоа во почетокот на 2014 година Европејците имаат неколку причини да ја очекуваат иднината со надеж, велат Рединг и Рен. Најновите податоци за невработеноста укажуваат промена во трендот, односно нејзино намалување.

„Од летото во Европа се забележува економско заздравување, кое би требало да се забрза во 2014 година“, рекол комесарот.

Вивиен Рединг и Оли Рен, сепак предупредуваат дека треба да се вложат уште напори и земјите да продолжат со структурните реформи. Европа има потреба освен тоа од добар банкарски систем, за да се стимулираат инвестициите и да се финансира потребните структурни промени.