
На церемонијата на потпишување во Брисел Договорот беше потпишан од високата претставничка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез Париља.
– жжПрвиот Договор меѓу ЕУ и Куба во историјата… предвидува засилен дијалог, подобра билатерална соработка и заеднички акции за билатерални прашања, соопшти претходно Советот на ЕУ.
Могерини наведе дека со Договорот ЕУ е подготвена да ја поддржи економската и социјална модернизација во Куба.
Преговорите за Договор за политички дијалог и соработка се одвиваа во седум кругови – од април 2014 до март 2016 година, Документот треба да биде одобрен од Европарламентот.
Досега Куба беше единствената јужноамериканска држава без договор за меѓународна соработка со ЕУ.