EУ мора да се подготви за повеќе мигранти кои се обидуваат да влезат

Европската унија мора да биде подготвена да се соочи со растот на бројот на мигрантите кои се обидуваат да влезат во некоја од земјите нејзини членки, имајќи предвид дека доаѓањето на маси луѓе од Блискиот исток преку Белорусија ќе потрае уште долго, изјави во петокот вечерта директорот на Агенцијата за европска погранична и крајбрежна стража Фронтекс, Фабрис Легери.

Брисел го обвинува Минск дека наводно ја создал мигрантската криза како дека од „хибридниот напад“ врз ЕУ, така што дистрибуирал белоруски туристички визи на Блискиот исток, а по доаѓањето ги поттикнувал луѓето илегално да ја минат границата. Белорусија го отфрла таквите наводи.

„Од нашата анализа на ризикот можеме да видиме дека сите фактори кои ја придвижиле оваа криза сѐ уште се присутни и дека работите не се движат или не деескалираат …. Мораме да бидеме подготвени да се соочиме со оваа ситуација на подолго време“, вели Легери за Reuters.

Полската погранична служба соопшти дека во октомври наводно биле направени повеќе од 17.000 нелегални обиди за преминување на полската граница, што е повеќе од двојно од бројот на таквите обиди во септември, а околу три илјади мигранти сѐ уште се во импровизирани кампови во близина на белоруската граница со Полска.

Полска ја одби дополнителната поддршка од Фронтекс преку погранични полицајци на оваа организација, тврдејќи дека има доволно големи сопственми погранични сили за врешење на таквите активност. Полска има распоредено повеќе од 15.000 војници на границата кон Белорусија со тешко оружје и противвоздушни системи, а ќе добие помош од помала единица од британската армија. Владата во Варшава беше критикуван бидејќи не му дозволи на Фронтекс да помогне во решавањето на кризата.

Легери вели дека иако Фронтекс не испрати свои припадници на теренот за да ѝ помогнат на Полска во екот на ексалацијата на тензиите на нејзината граница со Белорусија, агенцијата разгледува за споделување на дополнителни стателитски снимки со оваа земјата. Исто така, планира да ѝ помогне на Полска да ги врати мигрантите во нивните матични земји, а главно станува збор за Курди од Ирак.

Легери истакнува дека кризата на белоруско-полската граница е геополитичка и дека Фронтекс е оперативна агенција. Додава и дека е потребна политичка одлука за да се утврди каква поддршка би можеле да добијат земјите кои ќе се најдат во позиција како сега Полска.