![baterii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/baterii.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Европската унија би можела да потфрли во плановите коишто би ѝ биле неопходни за да си осигури истакнато место во глобалното производство на батерии, предупредува Европскиот ревизорски суд (ECA).
Планот го скицираше Европската комисија, а би можел да биде попречен од ограничениот пристап до сировините, сѐ поголемите трошоци и силната конкуренција, заклучиле европските ревизори.
Поповолните услови за производство би можело да ги натера производителите своите активности да ги префрлат во други земји, вклучително и во САД кои нудат „огромни поттикнувања“ за производството на минерали и батерии, се наведува во соопштението на ECA.
Европската унија многу зависи од увозот на сировини од земјите со коишто нема склучени договори за слободна трговија, па така 87 отсто од литиумот доаѓа од Австралија, а 68 отсто кобалт од Демократска Република Конго, по откажувањето на увозите од руските и кинеските пазари на ретки минерали.
„Европската унија не смее во случајот на батериите да заврши во зависна позиција во каква што се најде во случајот со природниот гас“, изјави главната авторка на споменатиот извештај Анеми Туртелбом.
Ревизорите предупредуваат и дека Европската комисија нема преглед над субвенциите во секторот производство на батерии, кои во моментов изнесуваат околу осум милијарди евра, соопштуваат од ECA.
Доколку домашното производство на батерии расте послабо отколку што се прогнозира, Европската унија, можеби, ќе биде присилена на увоз, имајќи предвид дека во 2035 година стапува на сила на забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување.
Значителниот дел од увозот, веројатно, би доаѓал од Кина којашто во моментов сочинува 76 отсто од глобалните производствени капацитети. Алтернативното решение би било одложување на забраната.