ЕУ можеби нема доволно гас за да ги преброди зимските месеци

Европа може да остане без гас во јануари, доколку запрат руските испораки, пишува „Известија“, повикувајќи се на Институтот за енергетски проблеми. Испораките на руски гас продолжуваат преку Украина и гасоводот Турски тек, но овие испораки само ќе го одложат недостигот на гас до февруари, велат аналитичарите.

„Залихите на гас во подземните складишта во Европа навистина може да истечат во јануари. Сепак, тоа ќе се случи само ако се совпаднат неколку настани, имено доколу повлекувањето на гас од складиштата нагло се зголеми и снабдувањето со ЛНГ драматично опадне“, вели заменик генералниот директор на Националната енергија, Александар Фролов.

Испораките на ЛНГ во Европа евентуално би можеле да се намалат доколку Кина ги намали ограничувањата за коронавирусот и ја зголеми потрошувачката на енергија, истакна Фролов. Како резултат на тоа, цените на азискиот пазар ќе бидат повисоки и давателите на услуги ќе заработат повеќе пари со испраќање гас во Азија, додека Европа ќе изгуби значителен дел од испораките на гас, прецизира аналитичарот.

Директорот за прашања за гас во Националниот фонд за енергетска безбедност Алексеј Гривач додава дека европскиот енергетски систем во голема мера ќе зависи и од временските услови во следната грејна сезона. Ако не се воведат ограничувања за рационализирање за потрошувачката на гас и повлекување гас од складиштата, тие ќе останат празни доста брзо ако времето е студено, рече тој. Во исто време, доколку има  поволни временски услови, ЕУ во голема мера ќе може да ја помине грејната сезона без поголеми потреси, нагласи Гривач.

Еден од начините за Европа да го реши проблемот со недостигот на снабдување со гас може да биде лансирање на неоштетената нишка на гасоводот Северен тек 2, истакна претседателот на Асоцијацијата на иновативни енергетски субјекти Михаил Смирнов.