ЕУ му порача на Зеленски: Патот до членството ќе биде долг и тежок

Украинскиот претседател Володомир Зеленски повторно во четвртокот побара што повеќе и што побрзо снабдување на украинската војска со модерно западно оружје и доби ветување од челниците на Европската унија за испораки на борбени авиони според НАТО стандардите, како и порака дека патот до придружувањето на ЕУ ќе биде долг и тежок.

„Потребна ни е артилерија, муниција, модерни тенкови, ракети со долг дострел и модерни борбени авиони. Мораме да ја зајакнеме динамиката на нашата соработка и мораме тоа да го сториме побрзо од агресорот кој се обидува да ги мобилизира своите потенцијали“, изјави Зеленски на прес-конференцијата во седиштето на ЕУ каде првпат лично присуствуваше на самит на челниците на земјите членки на блокот.

„Русија има значителни средства, коишто не се опасни само за Украина, туку и за Полска, балтичките и другите земји во руското соседство, како и за Балканот“, тврдеше Зеленски во повторениот обид да ја привлече поддршката за неговата власт во украинската војна со нејзина проекција за закана на континентот.

Зеленски им изрази благодарноста на европските челници и рече дека од некои од нив добил ветувања за испраќање на потребното оружје, вклучително и борбените авиони.

„Европа ќе биде со нас до нашата победа. Ја слушнав од бројни европски челници нивната подготвеноста да ни го дадат потребното оружје и поддршка, вклучително и авиони“, рече Зеленски но не одговори кои земји од ЕУ ќе ѝ обезбедат на Украина борбени авиони, туку рече дека тоа „сѐ уште се договара“.

 

Нема фиксна временска рамка

Иако на Зеленски во Брисел му е приреден срдечен пречек со овации каде што порача дека „слободна Европа е незамислива без слободна Украина“, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека за Киев „патот до членството во ЕУ ќе биде долг и тежок“.

„Патот до мирот, обновата и членството ќе биде дол тежок пат. Ќе бидеме со вас на секој чекор од тој пат“, порача Мишел.

Претседателката на Европската компанија, Урсула фон дер Лејен, на новинарско прашање дали Украина може да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, истакна дека не постои „фиксна временска рамка“, туку дека станува збор за процес во кој треба да се спроведат реформи и да се исполнат заедничките договорени цели.

Европската комисија есенва ќе го објави извештајот за напредокот на сите земји кандидати за членство во ЕУ, а потоа Советот на ЕУ ќе треба да одлучи за следниот чекор во процесот на приближувањето на Украина на Унијата, рече Шарл Мишел.

По конференцијата за новинарите, Зеленски замина на низа билатерални разговори со челниците на земјите членки.

„Во тие разговори ќе го поставиме прашањето за борбените авиони и другото вооружување“, најави украинскиот претседател.

Повика притоа, иако веќе е најавено дека се прецизира десеттиот пакет санкции на ЕУ за една година против Русија, да биде насочен на секторот нуклеарна енергија а против што веќе однапред реагираше Бугарија, за дронови, ракети и информатичката технологија, иако главно станува збор за сектори во кои речиси десет години е прекината европско-руската соработка.

 

Содржината на разговорите не е за јавноста

Зеленски пред пристигнувањето во Брисел, во средата престојуваше во Лондон, каде што се обрати во парламентот и разговараше со премиерот Риши Сунак и кралот Чарлс Трети, и во Париз каде разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Нашата посета на Лондон резултираше со позитивните резултати“, рече Зеленски споменувајќи го повторно ветувањето за ракети со долг дострел и обуката на 600-те пилоти во база во Англија. Додаде дека има и други позитивни резултати, но дека за нив не може да зборува во јавноста.

Истото важи и за состанокот во Париз со Макрон и Шолц, додаде украинскиот претседател.

„Имавме многу моќен и важен состанок, многу позитивен со конкретни и позитивни одлуки за коишто не можам јавно да зборувам. Не сакам Русија, којашто постојано ни се заканува со нови напади, да се подготви за тоа“, рече Зеленски.