Европската унија во следните 12 месеци на Украина ќе ѝ испорача милион парчиња муниција, изјави во понеделникот во Европскиот парламент, комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.
Комесарот на Европската комисија во последните шест седмици посетил 15 фабрики во 13 држави за да се запознае со предизвиците и потребите на индустријата за производство на муниција во Европа, како и за таа да биде проширена и забрзана, изјави Бретон на пленарната седница во Стразбур.
Еврокомесарот истакна дека тоа е потребно за да продолжи снабдувањето на Украина со муниција, но и за да се обноват залихите на државите членки на Европската унија.
„Убеден сум дека за 12 месеци за адекватна поддршка навистина можеме да осигуриме производство на милиони парчиња муниција годишно“, рече Бретон додавајќи дека шефовите на држави членки на ЕУ ја преземале обврската дека толкаво количество во следната година да ѝ дадат на Украина.
Рече и дека моменталните капацитети во согласност со потребите кои постојат, но дека постои вистинска волја дека тие се зајакнуваат.
Европската комисија ќе обезбеди 500 милиони евра од буџетот за таа цел, и очекува дека со јавни партнерства тоа ќе генерира вкупно милијарди евра помош.
Бретон предупреди дека војната се води и преку капацитетите за производство, како и дека Европската унија по тоа мора да покажа „веродостојност“.
Предложениот акт на Европската комисија за помош на индустријата го носи интересниот акроним ASAP (Act in Support of Ammunition Production), кој често се користи на англиски јазик во знаќењето „што е поскоро можно“ (as soon as possible).
Бретон во понеделникот од пратениците во Европскиот парламент побара да го поддржат на гласањето во вторникот.