ЕУ најави санкции спрема Русија

Украина нема воено да интервенира на Крим за да го спречи отцепувањето на тој црноморски полуостров, изјави вршителот на должност украински претседател Александар Турчинов.

Украина нема воено да интервенира на Крим за да го спречи отцепувањето на тој црноморски полуостров, изјави вршителот на должност украински претседател Александар Турчинов. Според Турчинов претстојниот референдум за приклучување кон Русија е „фарса“, чии резултати ќе бидат наместени во Москва. САД, ЕУ и новите украински власти референдумот го оценуваат како незаконски.

Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ЕУ следната недела ќе воведе остри санкции против Русија, доколку официјална Моска во следните денови не покаже волја да се вклучи во работата на контакт групата за изнаоѓање дипломатско решение за Украина.

Санкциите ќе вклучуваат замрзнување на сметките и забрана за патување за одговорни лица поради непочитување на суверенитетот на Украина. Тоа би биле први санкции спрема Русија по Студената војна.