ЕУ најавува можни нови санкции против Русија

Не е исклучено дека Европската унија ќе воведе нови санкции поради поморските тензии меѓу Украина и Русија во Црното Море, и за тоа би требало да биде разговарано во декември, изјави во вторникот шефицата на австриската дипломатија, чијашто земја претседава во моментов со ЕУ.

„Кога станува збор за дополнителните санкци, тоа допрво ќе се утврдува. Наскоро во декември имаме заеднички состанок. Се’ ќе зависи од постапките на двете судрени страни. Меѓутоа, тоа ќе мора да го разгледаме“, изјави австриската министерка Карин Кнејсл, на чијашто свадба во август присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин, по состанокот во Берлин со германскиот колега Хејко Мас.

Кнејсл нагласи дека во момнетов не може да се знае која од страните во руско-украинскиот најнов судир ја зборува вистината. Масс, пак, истакна дека инцидентот е дока дека „руската анексија на Крим е безбедносен проблем за сите во Европа“. Шефот на германската дипломатија повторно апелираше Русија да ги ослободи трите украински воени брода и триесетината морнари, а двете страни ги повика да ги смират тензиите.

Руската погранична поморска патрола во неделата заплени два помали брода и теглач на украинската воена морнарица, откако нејзините бродови отвориле оган и ранија неколку украински морнари, што е најсериозниот судир меѓу Москва и Киев последните години.

Москва тврди дека станува збор за смислена провокација откако последниот период украинските воени пловила правеле „опасни маневри“ во Керчкиот канал крај црноморскиот полуостров Крим и оти запленетите бродови го нарушиле режимот на руската државна граница, низ поморскиот пат од Црното во Азовското море.

По превратот во Киев во феверуари 2014 година, во март истата година по спроведените референдуми на тамошното население црноморскиот полуостров Крим изгласа присоединување на Руската Федерација, кое не го признава Западот. Русија изгради фасцинантен мост кој го поврзува полуостровот со јужниот дел од Русија и ги премостува Керчкиот канал, морски теснец кој води од Црното во Азовското Море, каде што се наоѓаат две пристаништа, исто така, со доминатно рускојазично население но кои се стратешки многу важни за Украина и каде се концентрирани големи воени единици. На Крим, пак, отсекогаш е сместено седиштето на руската Црноморска флота, а од споменатиот мост може да се контролира пловењето.

Според билатералниот договор од пред кризата пред четири години, и Русија и Украина имаа право да го користат Азовското Море. Според Москва, украинските воени бродови ги прекршиле членовите 19 и 21 од Конвецијата на ОН за поморското право, и го нарушиле режимот на државната граница на Русија. Бродовите влегле во привремено затворениот руски акваториум и неколку часа правеле опасни маневри и не одговарале на барањата на патролните чамци на руската морнарица.