ЕУ не донесе одлука за колкав период треба да се одложи Брегзит

Европската унија денеска не донесе одлука за рокот за одложување на Брегзит, а следната средба на ниво на амбасадори е в понеделник, изјави неименуван европски дипломат, пренесува Танјуг.

Претставниците од 27 земји-членки на ЕУ денеска не донесоа одлука да го продолжат рокот за Брегзит, иако тие се согласија дека тоа е потребно за да се надмине застојот што се појави околу излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон го усогласи договорот со Брисел минатата недела, но британскиот Парламент одби да го ратификува.

Џонсон вчера побара парламентарни избори на 12 декември, а по првпат се откажа од ветувањето за напуштање на ЕУ на 31 октомври, со или без договор.