![katalonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/katalonija-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Челниците на Европската унија, коишто во четвтокот се собраа на самитот во Брисел, ја поддржуваат шпанската влада во каталонската криза истакнуваат дека Унијата нема намера да посредува во разрешувањето на оваа криза.
„Нема место за посредување, меѓународна иницијатива или посредување, но нема да ви криеме дека ситуцијата е загрижувачка“, изјави во четвртокот ноќта претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Ситуацијата во Каталонија, којашто по рефередумот кој шпанската влада го смета зе нелегален, прогласи независност и веднаш го суспендираше за да остави простор за дијалог, ја загрижува ЕУ, која сака да го сочува единството во моментов кога бараат нов модел за дејствување на Унијата по излегувањето на Велика Британија.
Шпанската влада објави во четвртокот дека во сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја покрена постапката за укинување на автономијата на Каталонија, откако каталонскиот претседател Карлес Шучдемон до 10 часот не одговори на ултиматумот на шпанскиот премиер Маријано Рахој да се откаже да барањето за независност.
Официјалниот став на Европската комисија е дека станува збор за внатрешно прашања на Шпанија, додека каталонската влада сака да го интернационализира ова прашање. Темата на каталонија не е официјално на дневниот ред на самитот на ЕУ, но не се исклучува можноста за тоа да се зборува.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ѝ пружија во четвртокот јасна поддршка на владата на Шпанија во врска со каталонската криза, доаѓајќи на самитот на Европската унија во Брисел.
„Ги поддржуваме ставовите на шпанската влада (…) Се надеваме, исто така, дека ќе пронајдат решенија врз основа на шпанскиот устав“, изјави во белгиската престолнина германската канцеларка Ангела Меркел.
Европските челници од самитот во Брисел ќе испратат „порака за единствен став во врска со Шпанија“ додека на сцената е каталонската криза, изјави, пак, францускиот претседател Емануел Макрон.