Европската Унија од 2014 година обезбеди повеќе од 16 милијарди евра помош за Украина за да го поддржи нејзиниот економски развој и да ја надомести загубата на Крим, изјави денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, за време на неговиот говор во т.н. Кримска платформа, чија имплементација организаторите ја пренесуваат онлајн.
– Во рамките на нашиот сеопфатен договор за асоцијација од 2014 година, ние веќе обезбедивме 16 милијарди евра за Украина, рече тој.
Оваа сума вклучува средства за поддршка на украинските региони што граничат со Крим, кои настрадаа по прекинот на контактите со полуостровот.
Во септември 2020 година, претседателот на Украина Володимир Зеленски во својот говор пред Генералното собрание на ОН објави план за формирање на Кримската платформа. Според планот на Киев, иницијативата треба да стане платформа „за координирање на меѓународните напори насочени кон враќање на Крим во Украина“.
Средбата првично беше планирана за мај оваа година, но неизвесноста околу учесниците предизвика настанот да се одложи за август. Како резултат на тоа, како што објавија организаторите, претставници од околу 40 земји и меѓународни организации се согласија да присуствуваат. Повеќето европски земји испратија во Киен министри за надворешни работи или за одбрана.
Балтичките држави, како и Полска, Унгарија, Молдавија, Словенија и Финска, ќе бидат претставени на претседателско ниво, а се очекува да присуствуваат и претставници на ЕУ и НАТО. Соединетите Американски Држави ќе го делегираат министерот за енергетика, а Германија, исто така, на форумот ќе биде претставена од министерот за енергетика, наместо од министерот за надворешни работи. Од Турција на средбата ќе учествува министерот за надворешни работи.