ЕУ одобри 194 милиони евра за нови проекти во Западен Балкан

Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) одобри 194 милиони евра неповратни средства од Европската Унија и билатералните донатори за нови проекти од областа на дигиталната инфраструктура, животната средина, транспортот и енергитиката низ Западен Балкан.

Овие проекти понатаму ќе бидат дополнително финансирани со кредити од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и други меѓународни финансиски институции, соопшти ЕБОР.