ЕУ отвора истрага за Google и Meta

Европската комисија започна во петокот истрага за да утврди дали американските технолошки компании Google и Meta во чија сопственост е најголемата социјална мрежа Facebook ги кршат прописите за рамноправен натправар на пазарот на услугите за интернет рекламирање.

Истрагата ќе се насочи на ткн „Jedi Blue“, договорот на Facebook и Google од 2018 година, кој можеби ја ограничува конкуренцијата на програмата „Open Bidding“ на Google на пазарот на дигитално огласување, на штета на издавачите и потрошувачите.

Google со програмата „Open Bidding“ организира лицитации на огласувачкиот простор кој на издавачите им гарантира највисока можна цена. Meta, пак, ги прикажува дигиталните огласи и преку програмата „Meta Audience Network“ ги застапува на лицитациите издавачите.

„Google и Meta можеби со таканречениот Jedi Blue договорот ја целеле технологијата којаштови ѝ конкурирала на Open Bidding на Google, настојувајќи да го ослабат и исклучат од пазарод прикажувањето на огласите на интернет странциите и апликациите на издавачите“, изјави еврокомесарката Маргрет Вестагер.

Британскиот регулатор, исто така, го истражува договорот „Jedi Blue’, и Европската комисија соопшти дека има намера блиску да соработува со британските колеги.

Од Google и од Meta го отфрлаат сомневањата дека можеби ја огранучуваат конкуренцијата.

„Станува збор за јавно достапен договор кој ја поддржува конкуренцијата и му овозможува на Facebook Audience Network (FAN), но и на десетици други компании, учество во нашата програма Open Bidding“, соопштија од Google.

„Договорот на Meta со Google за лицитирањето (на огласите) не е исклучив и заедно со другите случни спогодби кои ги склучивме со другите платформи за лиценцирање ја зајакна конкуренцијата во сегментот огласување“, соопштија од Meta.