Европската комисија сака да се откаже од пропусите на Европоката унија за пазарна конкурентност за да им овозможи на владите да ги ограничуваат цените за потрошувачите во случај на намалување на испораките на рускиот гас, известува во саботата германскиот весник Welt am Sonntag, повикувајќи се на документ од ЕК за „кусорочнит интервенции на пазарот на енергијата“.
Според тој документ, на државите членки на ЕУ би требало да им биде дозволено да ги регулираат потрошувачките цени во преодниот период за да ги заштитат од скокот и пред акутниот недостиг, пишува Welt am Sonntag.
Весникот пренесува и цитат од документот дека „финансирање на оваа интервенција бара значителни износи“.
Европската комисија подоцна во мај треба да го претстави деталниот план за престанување на снабдувањата со руски енергенси до 2027 година, како одговор на руската воена интервенција во Украина. Во моментов Европската унија до 40 отсто од своите потреби со гас ги намирува со увоз од Русија. Истовремено, уделот на руската нафта во ЕУ изнесува околу 30 отсто. Минатата 2021 година енергенсите сочинувале 62 отсто од вкупниот увоз на ЕУ од Русија, додека десет години порано во 2011 година достигнаа дури 77 отсто. Иако станува збор за забележлив пад, сега 27-члениот блок уште со години и со радикални мерки ќе мора да се движи кон целта целосно да ја прекине зависноста од руските енергенси.