![putin-bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/putin-bajden-2.jpg?resize=631%2C476&ssl=1)
Европската унија го поддржа предлогот за состанок на врвот меѓу Вашингтон и Москва за да се изнајде дипломатско решение за кризата на истокот на Украина, објави во понеделникот високиот претствник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
„Состаноци на ниво на челници, министри, во кој и да е формат, на кој и да е начин да разоваараат и седат на маса и да се обидат да избегнат војна – тоа е потребно“, изјави за новинарите во Брисел, Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
„Ќе поддржиме сѐ што дипломатските разговори ќе ги направи најдобриот, единствениот начин за решавање на оваа криза“, додаде Борел откако Франција објави дека американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласиле на разговори за решавање на украинската криза.
Кабинетот на Макрон објави дека на двајцата претседатела им бил предложен самит за „безбедноста и стратешката стабилност во Европа“.
Белата куќа наведе дека Бајден начелно го прифатил состанокот, но „само доколку не се случи инвазија“.
„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Исто така, подготвени сме да наметнеме брзи и тешки санкции доколку Русија наместо тоа избере војна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Од Кремљ, исто така, не ја исклучија можноста за контакти меѓу Путин и Бајден, и истакнаа дека доколку тоа е потребно, претседателите можат брзо да ги договорат.
Истовремено портапролот на рускиот претседател рече дека во моментов е тешко да се зборува за организирање каква и да е средба.
„Средбата е можна доколку претседателите сметаат дека е соодветна, Сега постои јасно конкретно сфаќање од потребата за продолжување на дијалогот на ниво на министрите (за надворешни работи“, истакна Песков.