![APTOPIX Turkey Greece Migrants](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/migranti-2.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Европската комисија подготвува нова дополнителна помош од 500 милиони евра за сириските бегалци во Турција и неколку мерки за да ги ублажи тензиите со Анкара, дознава во четвртокот агенцијата AFP од европски извори.
Сумата од 500 милиони евра е дополнување на 6-те милијарди евра доделени во рамките на договорот склучен во 2016 година за финансирање на програмите кои ги покренаа невладините организации за околу 3,7 милиони сириски бегалски во Турција, појаснил неименуваниот соговорник на агенцијата.
Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лејен, предлага, исто така, и поедноставување на процесот на доделување визи за турските државјани, што инаку беше и дел од договорот од 2016 година.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, во средата најави деблокирае на итна помош од 170 милиони евра за најчувствителните групи меѓу бегалците од Сирија, како малолетници, децата без придружба на возрасни и жените кои се сами.
Овие мерки би требало да ја смират Анкара, која реши да ги пушти мигрантите и бегалците од својата територија кон западните членки на ЕУ. Повеќе десетици илјади мигранти веќе се пристигнати на грчката граница.
„Доколу европските земји сакаат да го решат проблемот, мора да ги поддржат тирските политички и хуманитарни решение во Сирија“, порача во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
ЕУ репително ја отфрли турската уцена со мигрантите. Грција и ЕУ ја обвинуваат Турција дека намерно ги трупа мигрантите на грчката граница, со цел да ги принуди Брисел да ѝ понуди повеќе пари за згрижување на имиргантите. Меѓутоа, Анката, којашто од ЕУ очекува во прв ред поддршка за своите геополитички цели во регионот кои настојува да ги оствари во Сирија.