ЕУ постигна договор за именувањата на врвните функции

Челниците на земјите-членки на Евроспката унија во четвртокот доцна вечерта постигнале договор за именувања на раководни позиции во европските институции – Урсула фон дер Лајен повторно да биде претседател на Комисијата, додека претседателот на Европскиот совет ќе биде поранешниот португалски премиер Антонио Кошта и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика естонската премиерка Каја Калас, според дипломатски извори.

„Лидерите на земјите од Европската унија на самитот во Брисел ги одобрија претходно предложените кандидати за врвни позиции во европските институции“, објави во меѓувреме шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел на социјалната мрежа Х.

„Европскиот совет ја предложи Урсула фон дер Лајен за кандидат за функцијата претседател на Европската комисија“, напиша актуелниот шеф на Европскиот совет.

Изборот на претседател на Европската комисија допрва треба да го потврди Европскиот парламент со просто мнозинство односно да ја добие поддршката од 361 европратеник, најверојатно на пленарната седница закажана за 16. јули, а високиот претставник за надворешна и безбедносна политика ќе се гласа како пакет кога ќе се одлучува за новиот состав на Комисијата.

Изборот на претседател на Европскиот совет е исклучива надлежност на челниците на земјите членки, а Парламентот нема овластување во овој поглед.

Мишел, исто така, ги потврди именувања на две други клучни европски позиции. Така известува дека избраниот шеф на Европскиот совет, поранешниот португалски премиер Антонио КоШта најавил дека ќе ги преземе своите должности на 1. декември оваа година.