Европската унија денеска предупреди дека одлуката на некои европски земји да го одложат вакцинирањето на децата поради епидемијата на новиот коронавирус може да предизвика сериозни проблеми.
– Повеќе од јасно е дека ќе имаме луѓе, деца, кои не се вакцинирани, рече Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Андреа Амон пред европратениците.
Според неа, повеќето европски земји и натаму ги вакцинираат децата против заболувања како што се сипаници и детска парализа.
Но, таа предупреди дека некои земји ги прекинале сите вакцинации за време на епидемијата.
Амон, сепак, не прецизираше за кои европски држави станува збор.