ЕУ привремено ќе го зголеми купувањето гас од Русија преку земјите кои се подготвени да го плаќаат во рубљи

ì

Европската унија привремено значително ќе го зголеми купувањето руски природен гас преку земјите членки кои се подготвени да го платат во рубљи за да го компензира прекинот на испораките преку Полска и Бугарија, изјавил во средата за агенцијата ТАСС неименуван извор од институциите на ЕУ во Брисел.

„Денеска беше одржан итен состанок на Координативната група за гас во врска ситуацијата во Полска и Бугарија. Една од привремените одлуки беше значителното зголемување на набавките на гас од Русија преку преостанатите канали, што ќе им овозможи на Полска и Бугарија снабдување со дополнителниот обем на гасот на европскиот пазар. ЕУ, исто така, работи со сите партнери на обезедувањето зголемено снабдувањето со гас, првенствено со течен природен гас (LNG)“, рекол соговорникот на агенцијата.

Според податоците на Федералната царинска служба на Русија, минатата 2021 година испораките на рускиот гас во Полска се зголемиле за 9,4 отсто до 10,58 милијарди кубни метри. Испораките во Бугарија, пак, лани биле удвоени до 3,15 милијарди кубни метри гас.

Посочил дека членките на Унијата продолжуваат со барањето алтернативни правци на испораки и постепено исклучување на зависноста од руските енергенси.

„Долгорочно, земјите од ЕУ ја потврдуваат својата намера во најкус можен рок, во следните месеци или години, да го минимизираат или целосно да го запрат снабдувањето со гас од Русија, заменувајќи го со други извори. ЕУ ќе ја забрза транзицијата кон зелената енергија“, додал неименуваниот европски извор.

Соговорникот истакнал дека според процените на ЕУ, Полска и Бугарија во моментов не чувствуваат недостиг од гас и имаат технички можности да примаат гас и LNG од европскиот пазар. Нагласил и дека Брисел прекинот на испораките на енергенсот за Варшава и Софија поради нивното одбивање да платат во рубљи претставува „недвосмислено кршење на долгорочните договори од страна на Русија со овие земји“.

Меѓутоа, земјите членки на ЕУ следејќи ги директивите на Европската комисија одбиваа да склучат долгорочни договори за гасот со руската државна компанија „Газпром“ по повластени цени, што беше и една од причините за историското катапултирање на цените на енергенсот во Европа од крајот на ланската есен.

Европската комисија не смета дека доларот и еврото по воведување на новиот бран сеопфатни западните санкции против Русија поради нејзината офанзива во Украина, се компромитирани валути и несигурни за меѓународни плаќања, како што оценува Москва кој на тој начин го запре слободниот пад на својата национална валута.

Но претходно во средата деловната новинска агенција Bloomberg News објави дека најмалку десет европски компании коишто купуваат руски природен гас веќе отвориле банкарски сметки за плаќање на гасот во рубљи, од кои четири веќе платиле за испораки на гас од Русија во нејзината национална валута.

Руската државна гасна компанија „Газпром“ во средата 27-ми април објави дека целосно ги прекинала испораките на гасот за бугарската компанија „Булгаргаз“ и за полската PGNiG, поради одбивањето да ги исплатат набавките во рубљи до поставениот рок. Претходно во вторникот руската компанија ги извести компаниите увозници од Полска и до Бугарија за прекин на испораките поради нивното одбивање да направат конечни порамнувања во рубљи.

Уште на 23-ти март, рускиот претседател Владимир Путин наложи плаќањата за извозот на рускиот гас во ткн „непријателски земји“, односно оние кои се придружија на САД во санкциите против Русија да бидат конвергирани во рубљи и оти Москва ќе одбие да прифаќа плаќања според таквите договори во „компромитирани валути“, во случајот доларот и еврото. Во март Русија донесе прописи со кои предложи купувачите на енергенси да отворат сметки во „Газпромбанк“, која не е под западните санкции, за да можат да плаќаат во западни валути кои потоа ќе бидат променети во рубљи на Московската берза.

Европската комисија порача дека компаниите треба да продолжат да плаќаат во валути одредени со договорите со „Газпром“, и тврди дека во 97 отсто од случаите тоа се еврото и американскиот долар.