
Европската агенција за лекови и пратениците во Европскиот парламент предупредија во средата дека вакцината против Covid-19 не треба да биде избрзано одобрена, откако Велика Британија неколку часа претходно објави дека ја одобрила вакцината за коронавирусот која ја развија американата компанија „Pfizer“ и германската „BioNTeh“.
Британската одлука е донесена по крајно забразана постапка поради вонредната сутација со пандемијата во земјата и тамошната влада најави дека вакцинирањето на најзагрозените групи граѓаи ќе го започен веќе следната седмица.
Европската агенција за лекови (ЕМА), која во втоникот објави дека на 29-ти декември ќе донесе одлука дали ќе ја одобри вакцината на „Pfizer/BioNtech“, појасни дека нејзината подолга процедуата за добрување на вакцините е посоодветена, бидејќи се темели на повеќе докази и бара повеќе проверки отколку итните процедури кои ги избрала Велика Британија.
И пратениците во Европскиот парламент ја критикуваа британската одлука.
„Сметам дека таа одлука е проблематична и им препорачувам да државите членки да не го повторуваат таквиот процес“, изјави Петер Лизе, пратеник од Европската народна партија (EPP) и член на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел.
„Неколку седмици делни проверки на ЕМА е подобро отколку брзоплето одобрување на вакцианта по итна процедура“, оцени Лезе.
Според прописите на ЕУ, вакцината на „Pfizer/BioNtech“, но државите членки моќе да применат итна процедура поради вонредна ситуација којашто во случајов им овозможува дистрибуција на цакцината на домашниот пазар со цел привремено да се користи.
Велика Британија до крајот на годинава мора да ги почитува правилата на ЕУ, додека не истече преодниот период.
„Очигледно постои глобална трка дека вакцината да се стави на пазарот што е можно поскоро можно“, рече Тием Волкен, европратеник од Социјалистите и деморкатите, втората најголема пратеничка група во Европскиот парламент по EPP.
„Меѓутоа, верувам дека е подобро да се земе потребното време и да се води сметка дека квалитетот, ефикасноста и безбедноста се загарантирани и дека вакцината ги задоволува стандардите на ЕИ, Додаде Волкен.