Двата влијателни бриселски медиуми EU reporter и EU today во своите текстови наведуваат дека потегот на Заев го поткопа неговиот личен кредибилитет, како и дека неговот однесување не само што е штетно за билатералните односи со Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија.
Дебаклот се случи откако Зоран Заев го посети Израел на 13-ти октомври за да се сретне со заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Силван Шалом. Заев за медиумите во Скопје изјави дека во Израел разговарале за унапредување на соработката помеѓу двете земји, земјоделство, енергија, менаџирање со вода и олеснување на телекомуникациската соработка. Исто така дека, разговарале за соработката која Македонија ја има веќе воспоставено во областа на одбраната и за образование на Армијата, пишуваат влијателните медиуми.
Во нивните текстови…