ЕУ реши да ги обнови санкциите за Русија до крајот на јануари 2023-та

Европската унија во вторникот донесе одлука да ги обнови своите санкции наметнати против Русија за дополнителни шест месеци, односно до крајот на јануари 2023 година.

Одлуката, која е формалност, ја донесоа министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ, а се однесува на санкциите против Русија кои Брисел првпат ги воведе во 2014 година откако со поддршка на Западот беше изведен преврат на власта во Киев по што доминантно руските југоисточни региони Луганск и Доњецк, за што западот ја обвини Москва.

Откако по осум години неизвршување на договорите од Минск од 2014-та и 2015-та од страна на Киев и имајќи наводни сознанија дека Украина воено ќе ги нападне Луганск и Доњецк, Русија на 21-ви февруари ги призна тамошните самопрогласени „народни републики“ а три дена подоцна ја започна она што го нарекува „предизвикана и превентивна специјална воена операција“ во соседната земја.

Поради тоа, Европската унија следејќи ги САД, воведе низа нови санкции против Русија, неодамна воведувајќи го ткн „седми пакет санкции“, иако тој не вклучува посериозни мерки туку е првенствено наменет за усогласувањето на позицијата на ЕУ и нејзините западните сојузници.

Францускиот дневен весник Le Monde, повикувајќи се на неименуван европски дипломат, во вторникот коментираше дека токму последниот пакет санкции на ЕУ покажува дека блокот ги исцрпил своите способности да воведува нови ограничувања за Русија.

„Дојдовме до крајот на она што можевме да го сториме“, рекол соговорникот на Le Monde.

Како пример во прилогот се наведува дека 27-те членки на ЕУ не планираат идентично доброволно да се откажат од руските енергенси, будејќи и сега е тешко да се справат со актуелните проблеми во снабдувањето. Така, дури и најлутите руски непријатели како Полска и балтичките земји не се подготвен да разгледуваат брзо целосно откажување од рускиот гас, особено поради тоа што тоа би ги истакнало разликите во Унијата.

Ви текстот на Le Monde се додава и дека ЕУ се обидела нејзините санкции да се совпаднат со санкциите од земјите во групата Г7 на крајот од јуни годинава, која се однесува на ембаргото на руското злато и ограничување на највисоката цена на руската нафта.

 

ЕУ се договори за штедење на гасот, со бројни исклучоци

Истовремено во вторникот по неколку дена тензични преговори и изјави во медиумите, министрите за енергија на ЕУ успеаја да постигнат компромис денеска за предлогот на Европската комисија, кој претрпе измени.

Главната цел на предлогот на Европската комисија меѓутоа останува иста: меѓу 1-ви август оваа година и 31-ви март 2023 земјите членки имаат обврска да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто во споредба со нивната просечна потрошувачка во последните пет години, изјави на прес конференција чешкиот заменик премиер, чија земја претседава со ЕУ, Јозеф Сикела.

За Европската унија денешниот компромис претставува доказ дека Унијата останува обединета и солидарна во пресрет на зимата, но е и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да успее да ја подели ЕУ преку закани со испораката на гас. Москва претходно во вторникот најави дека драстично ја намали оваа испорака поради ремонт на уште една гасна турбина од гасоводот Севверен тек 1 во Канада, а претходната сѐ уште не ја добила.

Чешкиот заменик премиер им се заблагодари на сите други 26 министри за постигнувањето на денешниот компромис и рече дека ова е доказ дека компромисот не е невозможна мисија како што се велеше до пред неколку дена.

Конкретно договорот, освен намалувањето на потрошувачката на гас, предвидува и цела низа исклучоци: првата се однесува на балтичките земји кои се зависни од Русија за струјата. Доколку бидат отсечени од рускиот систем, мора да им се овозможи на овие земји да продолжат да функционираат.

Вториот исклучок се однесува на земјите-острови, Малта, Ирска, Кипар, кои не се директно поврзани со гасниот систем на ЕУ.

Третиот исклучок се однесува на индустриите кои се соочуваат со критични ситуации.

Четвртиот се однесува на земјите членки кои не се во можност да бидат солидарни поради намален капацитет. Петтиот исклучок е за случаи во кои се појавуваат вонредни ризици и се дава дозвола за зголемување на консумацијата.

Конечно предвидена е и награда за оние земји чии залихи го надминува нивото од 80 отсто, овие земји можат вишокот да го пресметаат во намалувањето на потрошувачката.

Договорот како таков предвидува намалување на потрошувачката на гас на доброволна база, но им се дава поголема надлежност на земјите членки да го иницираат системот на предупредување на ЕУ. За ова тие ќе имаат две методи. Едната е доколку Европската комисија заклучи дека постои ризик од недоволно ниво на гас. Комисијата тогаш презентира предлог пред Советот на ЕУ. Вториот начин да се вклучи алармот е пет земјите членки да побараат од Комисијата да поднесе предлог за наметнување на заштеда.

Во секој случај предлогот на Комисијата мора да биде усвоен со квалификувано мнозинство, односно 15 земји членки кои застапуваат најмалку 65 отсто од населението на ЕУ.

Компромисот ја задоволи и Европската комисија иако нејзината моќ да наметне заштеда се намалува. Комисијата оцени дека дури и со активирање на сите исклучоци ЕУ ќе може да ја постигне целта од 15 отсто доколку зимата биде просечна.