Велика Британија допрва треба да ги испрати „законските и оперативни“ предлози со кои би завршил застојот околу нејзиното излегување од Европската унија, изјави во четвртокот главниот преговарач на Брисел, Мишел Барние.
„Сѐ уште секогаш сме подготвени да работиме на нов правен и оперативен предлог во Европската унија“, рече Барние за новинарите пред состаникот со европските пратеници за најновиот развој на настаните околу брегзитот.
Барние одби да коментира за политичката криза во Лондон, каде што парламентот од средата повторно заседава откако Врховниот суд пресуди дека неговото суспендирање од страна на премиерот Борис Џонсон било незаконско. Џонсон и натаму инсистира дека Обединетото Кралство ќе го изведе од ЕУ на 31-ви октомври, со или без договор.