ЕУ сака да ја заврши зависностa од руска енергија до 2027-ма

Челниците на државите членки на Европската унија во петокот на дводневниот самит во француски Версај, на кој доминираше темата на руската офанзива во Украина, дека ќе работи на јакнење на безбедноста, сувереноста, одбранбените способности и решавањето на зависноста за руските фосилни горива до 2027 година.

Претседателката на Европската комусија, Урсијал фон дер Лејен, изјави на прес-конференцијата дека ЕУ би требала да престане да ги користи руски фосилни горива до 2027 година, како дека кон средината на мај ЕК ќе го претстави планот за постепено намалување на зависноста за руските енергенси. Најави и предлог за решвање на проблемот со растот на цената на храната.

Члениците во ЕУ на самитот договорија ткн Версајска изјава во којашто се обврзуваат дека ќе работат на европската сувереност и на одбранбените способности.

Ветија и продолжување на политичката, материјалната и хуманитарна на поддршката на Украина и помош во обновувањето по завршувањето на руската агресија. Исто така, го најавија и четвртиот пакет сакнции против Русија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Версајската декларациа ќе влезе во аналите на Европската унија, бидејќи таа претставува „стратешки план за нејзиниот суверенитет“.

„Руската агресија претставува тектонска промена во европската изјава“, се наведува во Версајската изјава.

Но оваа тектонска промена открива и некои слабости на ЕУ, како што се големата зависност од руската енергија, и сега челниците на државите изразуваат подготвеност тоа да го отстранат.

„Соочени со растечката нестабилнсот, стретешкото натпреварување и безбедносните закани, одлучивме да преземеме повеќе одговорност за нашата безбедност и да пеземеем натамошни решителни чеклори кон градењето на европската сувереност, намалување на нашата зависност и осмслување нов модел на раст и инвестиции за 2030 година“, се истакнува во изјавата.

Мишел реке и дека ЕУ по прашањето на енергијата во следниот период ќе работи на три области: растот на цените и нивното влијание врз семејството и економијата, намалувањето на зависноста, особено од Русија, и на подготовка на планот за следната зима.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чија земја во моментов претседава со ЕУ, изјави дека по прашањето на четвртиот пакет санкции „сѐ е на масата, нема табуа“, и дека не се исклучува ниту забраната на увоз на рускиот гас, ниту исклучувањето на клучните руски банки „Сбербанк“ и „Газпромбанк“ од меѓународниот систем за размена на финанскиски плаќања и податоци SWIFT.

Со Версајксаа декларација челниците се обврзаа на јакнење на суверенитетот во енергетскиот, одбранбениот и економскиот дел. „Суверенитетот значи дека можеме да избереме партнери од кои не зависиме“, рече Макрон.

Целта на намалувањето на зависноста од руската енергија, којашто во моментов надминува третина од потребите на ЕУ, може да се постигне со диверзификација на правците на испораки, вклучително и течниот гас, со забрзување на обновливите извори на енергијата и подобрување на поврзаноста на енергетските мрежи во ЕУ, се наведува уште во изјавата.

Челниците во ЕУ најавија и зголемување на издвојувањата за одбраната во нивните национални буџети.

Така, во Версајската декларација наведуваат дека ќе работат и на јакнењето на економската база, за стопанството да стане поотпорно, поконкуретно и подготвено за „зелената“ и „дигиталната“ транзиција, а притоа никој да не биде запоставен.

Во таа смисла истакнуваат дека преки стратешки партнерства ќе ги осигураат критичните сировини, ќе ги диверзификуваат синџирите на набавка за полупроводниците и ќе развиваат капацитети за производство на чипови со цел до 2030 година да се достигне уделот од 20 отсто во светското производство на чипови.

Кога станува збор за украинското барање за забрзен прием во членството во ЕУ, во Версајската изјава се поздравуваат „европските тежнеења“ на Украина, но без конкретни ветувања.

„Советот ја повика Комисијата да изгради мислење за ова барање. Додека челаме на тоа, ние без одложување ќе ги јакнеме нашите врски и ќе го продлабочуваме нашето партнерство“, се вели во изјавата,

Неформалнито самит се одржа во Версајскиот дворец, каде во 1919 година е потпишан мировниот договр со кој формално е завршена Првата светска војна, но кој се смета и за една од главните причини за избѕувнувањето на Втората светска војна, две децении подоцна.