ЕУ сака да ги принуди технолошките гиганти на размена на податоци за клиентите

Европската унија се подготвува да ги присили големите глобални технолошки компании да разменуваат со конкурентите податоци за клиентите, објави во средата весникот The Financial Times, повикувајќи се на прелиминарниот нацрт „закон за дигитални услуги“.

„Компаниите како Amazon и Google нема да можат да ги користат податоците собрани на платформата… за своите комерцијални активности, доколку не ги стават на располагање на другети деловни корисници кои се занимаваат со истите комерцијални активности“, пишува весникот цитирајќи го нацрт-законот.

Нацртот на законот на ЕУ упатува на заклучокот дека технолошките гиганти на своите страници, односно на платформите, можеби нема да смеат повластено да ги третираат своите услуги на штета на конкуренцијата, пишува The Financial Times.

На компаниите, исто така, не би смеело да им се дозволи на уредите како што со таблетите и мобилните телефони да ги инсталираат своите апликации, како ниту да ги принудуваат другите компании да го инсталираат само нивниот софтвер, го цитира финасискиот лондонски весни документот од ЕУ.

Европската комесарка за заштита на пазарниот натпревар Маргет Вестагер ќе најави до крајот на годината построги нови прописи во рамките на споменатиот закој, којшто, исто така, би требало да ги прошири обврските и правната одговорност на социјалните медиуми за содржината објавена на нивните платформи.
.