Новиот предлог на чешкото претседателство со Советот на ЕУ за ограничување на цените на гасот според механизмот за корекција на пазарот, сугерира негово ограничување на 188 евра за мегават/час, пренесуваат во понеделникот агенциите повикувајќи се на француски извори.
Таквиот предлог доаѓа пред одржувањето на состанокот на министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија, на кој ќе се дискутира за споменатиот механизам. Министрите веќе двапати го разгледуваа начинот на функционирање и воспоставување на овој механизам, но не се договорија околу нивото на ценовниот лимит.
Европската комисија минатиот месец предложи воспоставување привремен механизам за корекција на пазарот на гас во ЕУ според показателите од најголемиот европски гасен центар холандски TTF. Според идејата, механизмот би се покренал автоматски при два услова. Првиот би бил кога порамнувачката цена на месечните фјучерси на индексот на TTF да надмине 275 евра за мегават/час (нешто повеќе од 2.800 евра за илјада кубни метри гас) во две последователни седмици. Додека вториот е распонот меѓу цената на TTF и цената на течниот природен гас (LNG) на светскиот пазар, да е најмалку 58 евра за мегават/час десет трговски дена со ред.
Според процените на стручњаците, сепак, станува збор за многу висок лимит. Имено, цената на порамнувањето на хабот TTF на месечните термински договори во целата неговата историја ја надминал цената од 275 евра за мегават/час само неколку дена во август годинава.
Обемот на гасот во последниот период обемот на гасот во Европа се изразува во мегават/часови, отколку претходното изразување во кубни метри, која останува на рускиот и други пазари во светот. Разликата се должи на тоа што европскиот пристап се заснова на количеството енергија што може да се генерира од испорачаниот гас. Така, колку е поголема затоплувачката способност односно калориската вредност на гасот, толку е помал неговиот обем потребен, на пример да се провари литар вода, и е повеќе поскап. Во Европа ваквиот пристап се смета за поверодостоен за одредување на потрошувачката и цената.