Германија, Франција, Австрија, Данска и Шведска упатија писмо до ЕК во кое велат дека граничната ситуација останува „исклучително нестабилна“ и бараат да им се продолжи правото на гранична контрола.
Според западни медиуми, одлуката за тоа се подготвува најверојатно за в среда.
Европски извори наведуваат дека Комисијата е подготвена да одобри мерки во согласност со т.н. „мапа на патот“ за повторно воспоставување нормално функционирање на Шенген „до крајот на годината“.
Минатата година неколку држави воведоа гранични контроли поради зголемен прилив на мигранти. Правила на ЕУ дозволуваат државите да може повторнод а воведат гранична контрола најдолго две години во периоди од максимално шест месеци во случаи кога границите се загрозени.