ЕУ „симболично“ ја казнува Унгарија со организирање на Гимних во Брисел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика во заминување, Жозеп Борел, во понеделникот објави дека на крајот од август наместо во Будимпешта, ќе се одржи заеднички состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите-членки во Брисел, поради „солирањето“ на Унгарија во улогата на ротирачката претседателство.

„Мораме да испратиме сигнал, макар и симболичен, дека спротивставувањето и дисквалификувањето на надворешната политика на ЕУ како страна во војната мора да има одредени последици“, рече Борел на прес-конференција по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ.

„Затоа, мислам дека е соодветно да се свика следниот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел по летните одмори“, додаде Борел.

Станува збор за неформална средба, такакнаречениот Гимних, кој секое ротирачко претседателство го организира во својата земја.

Европската унија бара начин да одговори на изразено самостојното дејствување на унгарско ротирачко претседателство во областа на надворешната политика. Борел претходно ја изнесе идејата дека може да свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на крајот на август во исто време кога унгарското претседателство закажува неформална средба во Будимпешта, што практично би значело бојкот на тој состанок.

Веднаш откако неговата земја го презеде ротирачкото претседателство, унгарскиот премиер Виктор Орбан замина Киев па потоа во Москва и Пекинг во мировна мисија за да преговара за евентуален прекин на огнот во Украина. Тоа го направил без никакви консултации со други членки и институции на ЕУ, а освен тоа, ротирачкото претседателство не е овластено да ја претставува ЕУ во странство, тврдат во Брисел. Меѓутоа, немаше никаква конкретна изјава од Будимпешта дека патувањата на Орбан биле во името на ЕУ.

Орбан, исто така, го разлути Брисел откако го напушти самитот на НАТО во Вашингтон и замина за Флорида, каде што разговараше за војната меѓу Русија и Украина со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, чие евентуално враќање во Белата куќа е непосакувано за високо позиционираните бирократи неолиберали во ЕУ. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја критикуваше политиката на ЕУ кон Украина и во својот говор во Советот за безбедност на ОН и ја обвини Унијата дека води провоена политика.

Доаѓајќи на средбата во понеделникот, Борел рече дека сака да го слушне мислењето на сите земји членки и дека после тоа ќе донесе одлука каде ќе се одржи состанокот.

Се разговарало за компромисен предлог Гимних да се одржи во Украина, но дека Унгарија е против тоа, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, кој имаше контроверзна улога во постигнувањето на мировните договори од Минск од 2014 и 2015 година со кои требаше да запре граѓанската војна меѓу прозападните власти дојени со насилен преврат во Киев и руското и рускојазично мнозинство во југоисточните региони за кои во 2022 година поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои исто така беа потписници на Минските договори, рекоа дека тоа била измам за Русија за да ѝ се даде време на Украина да се вооружи оспособи за војна.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, пак, изјави дека за свикување министерски состанок надвор од ЕУ потребна е согласност од сите членки на ЕУ, па затоа идејата за состанок во Украина е отфрлена.

Борел на прес-конференцијата истакна дека „таканаречената мировната мисија“ која ги игнорира фундаменталните принципи, на крајот има корист само рускиот претседател Владимир Путин.

„Политиката на ЕУ не е провоена и ние силно ги отфрламе таквите тврдења. Можам да кажам дека сите земји-членки, со еден исклучок, беа критички настроени кон однесувањето на унгарската влада“, рече Борел кој претходно всушност потврди дека ЕУ е страна во украинската војна, без да ја именува земјата, но очигледно алудирајќи на Словачка, чиј премиер Роберт Фицо споделува сличен став за војната во Украина со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Единствениот кој е за војна е Путин, кој повикува на поделба и предавање на Украина како предуслов за какви било преговори и прекин на огнот“, рече Борел.