ЕУ со осуда за изјавата на Рама

Европската унија ја осуди изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, кој изјави дека Албанија и Косово ќе бидат принудени да се обединат, ако Брисел ги блокира евроинтеграциите и го игнорира воведувањето на визна либерализација на Приштина.

-Ваквите провокативни изјави се неприфатливи, балканските земји напредуваат секоја со свое темпо и ние од нив го очекуваме неопходните напори за натамошен напредок“, порача портпаролката на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, во однос на напредокот на Косово во евроинтеграциите.

Албанскиот премиер за косовска телевизија изјави дека Албанија и Косово би можеле да се обединат на класичен начин доколку Унијата го кочи напредокот на Приштина.