
Европската унија денеска повика на целосна примена на договорот за прекин на огнот во источна Украина, нагласувајќи дела „судирите мора да запрат“.
– Многу внимателно го следимие почитувањето на Договорот од Минск, кој како што изгледа воглавно се применува и покрај одреден број инциденти. Во овој момент од пресудна важност е целосно почитување на прекинот на огнот. Примирјето е примирје, што значи дека судирите треба за запрат, изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пренесува МИА.
Лидерите на Германија, Русија, Украина и Франција минатата недела во белорускиот главен град Минск постигнаа договор за прекин на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина, во кој досега загинаа над 5.400 луѓе.
Согласно договорот, прекинот на огнот стапи во сила на полноќ меѓу саботата и неделата по локално време, а од утре треба да започне повлекувањето на тешкото оружје од линијата на фронтот. Засега меѓутоа почетокот на повлекувањето на тешкото оружје останува неизвесен, бидејќи и девет страни меѓусебно се обвинуваат за нови напади.