ЕУ во март ќе ја одобри руската вакцина „Спутник V“?

Веќе следниот месец може да се очекува руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена за употреба во ЕУ, изјави денеска директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

-Ги поднесовме документите до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да трае во февруари и почетокот на март, рече Дмитриев во интервју за телевизијата „Русија 1 “.

Угледно научно списание „Лансет“ вчера објави дека „Спутник V“ е безбедна и ефикасна вакцина што обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. По повеќемесечно истражување на руските имунолози, во кое учествувале 19.866 волонтери, третата фаза на клиничките испитувања е завршена со што се потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ја поздрави високата ефикасност на руската вакцина.