Министрите на државите членки на Европската унија додадоа во понеделникот 37 ирански физички и правни лица на листата санкционирани обвинувајќи го повторно Иран за кршење на човековите права и репресии кон смртоносните насилни протести во земјата минатите месеци, но Гардата на исламската револуција не ја прогласија за терористичка организација како што беше најавувано.
„ЕУ силно ја осудува бруталната и несразмерна употреба на лиса на иранските власти против мирните протести“, тврдеше во објавата на Twitter Тобијас Вилстром, министер за надворешни работи на Шведска којашто претседава со Унијата.
Брисел претходно замрзна сопственост и забрани влез во ЕУ за повеќе од 60 ирански функционери и правни лица.
Но министрите не ја вброија Револуционерната гарда на листата меѓународна терористичка организација, што неодамна го побара Европскиот парламент обвинувајќи за задушувањето на протестот во Иран и наводното испраќање дронови на Русија, што го негираат Техеран и Москва.
Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борељ, пред почетокот на состанокот изјави дека не е можно да се стави на листата терористички организации Иранската револуционерна гарда без одлука на некој суд во некоја земја членка.
„За тоа не е возможно да се донесе одлука без судска одлука. Не можете да кажете ве сметам терорист, бидејќи не ми се допаѓате“, изјави Борељ при доаѓањето на состанокот.
Иранската Гарда на чуварите на револуцијата е идеолошки дел на иранските вооружени сили формирана набрзо во исламската револуција од 1979 година и е елитна единица која е силно влијателна во земјите со шиитско население на Блискиот исток. Се проценува дека Гардата има околу 125.000 припадници и располага со копнени, поморски и воздухопловни сили.
Иран во повеќе наврати изминатиот месец ја предупредуваше Европската унија да на ја прогласува Револуционерната гарда за терористичка организација.