ЕУ воведе санкции за Иран поради воената соработка со Русија, а Техеран го задржува паравото за реципроцитет

ЕУ вчера објави дека ќе го забрани извозот на компоненти кои се користат во конструкција и производството на беспилотни летала (UAV). Тој, исто така, предвидува ограничувања за патување и замрзнување на имотот на поединци кои се одговорни или ја поддржуваат иранската програма за беспилотни летала.

ЕУ, исто така, стави шест ирански државјани на списокот со санкции поради поддршка на руската агресивна војна против Украина и сирискиот режим.

Иран го задржува правото да преземе реципрочни и пропорционални акции откако ЕУ воведе нови санкции поради наводната поддршка на Техеран за руската инвазија, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, повторно негирајќи дека Иран испраќа беспилотни летала во Русија, пишува „Гардијан“.

„Поврзувањето на украинската војна со билатералната соработка меѓу Иран и Русија е политички мотивирано. Иран го задржува правото да преземе реципрочни и пропорционални акции против санкциите на ЕУ и нејзините членки“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани.