Советот на Европската унија во понеделникот одобри зголемува на фондот за плаќање на воената помош за Украина за дополнителни две милијарди евра.
Советот на ЕУ одлучил да ја зголеми вкупната финансиска горна граница на Европскиот инструмент за мировна помош (EPF) за две милијарди во 2023 година, со можност за натамошно зголемување во подоцнежна фаза.
Вкупното зголемување на севкупната финансиска горна граница на EPF до 2027 година би било до 5,5 милијарди евра, според цените од 2018 година.
EPF е вонбуџетски фонд кој е воспоставен “за да се зајакне способноста на Европската унија за спречување на судири, градење мир и јакнење на меѓународната безбедност“. Придонесот на земјите членки во EPF се одредува според висината на бруто од националниот приход (БДП).
„Денешната одлука ќе ни осигура средства за продолжување на конкретната воена поддршка на вооружените сили на нашите партнери. За помалку од две години EPF ја докажа својата вредност. Целосно ја измени начинот на кој ги поддржуваме нашите партнери во областа на одбраната“, изјави високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел алудирајќи на помошта испорачана изминатите и особено оваа година на Украина.
Од EPF досега се одобрени шест пакети воена помош на вооружените сили на Украина. Од тој фонд значително помали суми добиле и вооружените сили на други земји, во прв ред Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Либан и Мозамбик.
Досега се потрошени 86 отсто од вкупниот буџет на EPF за периодот од 2021 до 2027 година, поради што ова зголемување било неопходно, објаснуваат од Советот на ЕУ.