ЕУ за Пресинг ТВ: Ги следиме тековните случувања во Македонија

Ги аледиме тековните случувања, е одговорот на Европската унија за образложението на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи кој во четвртокот не се појави на седницата на која требаше да се гласа за недоверба на Владата.

Од Пресинг ТВ“ ја прашале портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро дали е точно дека пратеникот на Беса, како што самиот објави, од високи дипломати на ЕУ добил сигнали дека Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговорите за членство и оти затоа не се појавил во Собранието.

Писонеро била прашана кои се тие димпомати и дали земјата навистина ќе започне преговори. Но таа само одговорила дека „ја следат ситуацијата“.