ЕУ: Заедницата на српски општини за четири месеци

Процесот на изготвување на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) започна и ќе трае четири месеци, соопшти Европската служба за надворешни работи. рече ЕУ денес.
Во соопштението се вели дека најавата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај за давањето мандат на Управниот тим за изработка на Статутот на ЗСО е многу добредојдена.
Процесот на изработка почна и ќе трае четири месеци. Овој долгоочекуван чекор ќе овозможи имплементација на договорот за ЗСО, што е обврска која Косово ја презеде во дијалогот под покровителство на ЕУ од април 2013 година и август 2015 година. ЕУ ќе ги покани главните преговарачи од Белград и од Приштина, нивните тимови, како и менаџерскиот тим и технилките експерти за разговори во брисел, за да конструктивно и со добра верба ангажираат во процесот на изработка на статутот, се вели во соопштението.

Иако ЗЗС требаше да се формира пред речиси пет години, досега ништо не е направено за негово формирање. Приштина на тоа се обврза со дијалогот во Брисел, но досега и успеваше вешто да ја избегне оваа обврска под различни изговори.

Ситуацијата во Косово кулминираше минатата недела на трибина во Косовска Митровица, кога беше уапсен директорот на канцеларијата на КиМ, Марко Ѓуриќ. Ова резултираше со излегување на Српската листа од косовската влада, а Србите и дадоа рок на Приштина до 20 април, кога ќе биде пет години од потпишувањето на првиот Бриселски договор тоа да го направи, оти во спротивно самите ќе ја формираат ЗСО.