
Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е најнова иновација од Еуцерин. Да се задржи тонусот на кожата и таа да остане сјајна и мазна е постојан предизвик со кој се соочува секоја жена по 25-тата година. Одржувањето на кожата млада и негувана е причина и за бројни клинички и медицински истражувања.
Најновите инвитро проучувања кои ги спроведе компанијата Баерсдорф, покажаа дека комбинацијата на витаминот Ц со ликохалкон А има силен антиоксидантен ефект (споредено со користење само на витамин Ц) и ефикасно ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, додека хијалуронската киселина видно го помага пополнувањето на брчките.
Токму овие три состојки се и главните активни состојки во новиот производ на Еуцерин – Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер.
“Серумот ги комбинира овие три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, потребно е да се активира витамин Ц и да се помеша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина го помага пополнувањето на брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. Кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена редовно нанесување, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува. Тајната на ефикасноста на новиот производ Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав (или витамин Ц колку што има во 200 портокали) и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А” – “, изјави пред поголем број на дерматолози и претставници од медиумите Д-р Соња Петрушеска – стручен соработник на Еуцерин за Македонија, на официјалната промоција на овој иновативен производ.
Овој производ е решение за потребите на кожата кои со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластична побавно се надополнуваат. На пример, после 30-тата година се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и синтезата на колаген, а слободните радикали го забрзуваат стареењето на кожата. Како резултат на тоа почнуваат да се појавуваат фините линии и брчки, а кожата постепено го губи својот младешки изглед.
Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% обезбедувајќи оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, дури и за чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав, се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Filler или помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.