Европската Унија ќе ја продолжи својата мисија за владеење на правото и правдата во Косово за уште две години, односно до јуни 2016 година.
Мисијата ЕУЛЕКС во која има 2000 луѓе, почна во 2008 година, веднаш откако Косово прогласи независност од Србија во обид да и помогне на Приштина во градењето на институциите и владеењето на правото.
ЕУ во соопштението наведува дека сега мисијата ќе се фокусира на градење на капацитетите низ земјата, безбедноста и спроведувањето на договорите постигнати со Србија за време на преговорите со посредство на Унијата.