![Round of 16 Belgium vs Portugal](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/990430c77eb01eae92214f8fe888abda.jpg?resize=696%2C514&ssl=1)
Фудбалската селекција на Белгија избори место во четвртфиналето на Европското првенство откако во Севилја во неделата вечерта го порази со 1:0 досегашниот континентален шампион, репрезентацијата на Португалија.
Во соочувањето на носителот на бронзениот медал од последното светско првенство во Русија во 2018та и победникот на европското првенство во 2016та, славеше моментално водечката селекција на ранг-листата на ФИФА, додека Португалија остана без можност да ја брани титулата.
Стрелец на решавачкиот погодок беше Торган Азар во 42 минута. Единствениот гол на мечот беше постигнат откако португалската одбрана не успеваше добро да ја расчисти ситуацијата пред својот гол, топката стаса до Миние кој го проигра помладиот Азар, а овој се реши на удар од 20-на метри со внатрешниот дел од копачката измамувајќи го голманот Руи Патрисио.
Првата шанска на мечот ја имаше Португалија во 6 минита, кога Ренато Санчез повлече противнапад и одлично го проигра Диаго Жота,но напаѓачот на Ливерпул не реагираше на ниво. Потоа, сѐ до финишот на првиот дел се играше претпазливо, цврсто и без вистински шанси. Но во 42 минута Белгија од првиот удар во рамките на противничкиот гол поведе, со одличниот шут на Торган Азар. Играчот од средниот ред на дортмундска Борусија ја доби топката на левиот раб на шеснаесетниокот и одлично гаѓаше во десниот агол на португалскиот гол.
Во продолжението на натпреварот Портуалија заигра поактивни, но во првиоте десет минути од второт полувреме немаше интересни моменти. Селекторор Фернандо Сантош во игра ги внесе Бруно Фернабдеп и Жоао Феликс, а само три минути подоцја Португалија стаса до одлична шанса. Кристијано Роналдо го проигра Жота, но и овојпат тој слабо реагираше.
Во 61 минута со глава шутираше Феликс, но Куртоа беше на место. Во 63 минута се закани Белгија, но Ромелу Лукаку шутираше далеку преку голот. Португалскиот капитен Роналдо беше невидлив поголемиот дел од мечот, а во 73 минута имаше шанса од слободен удар, но не успеа да го префрли живиот ѕид. Во 82 минута Португалија имаше одлична шанса за израмнување, кога Рубен Дијаш шутираше со глава по нафрлувањето од корнер, но директно во Курота. Веќе следната минтуа Гвереро шутирајќи од работ на шеснаесетникот ја погоди стативата. Последната шанса на мечот Португалија ја имаше во третаа минута од судиското продолжение, но Феликс слабо шутираше од шеснаесетникот.
Белгија во четвтфиналето ќе игра во петок на 2-ри јули во Минхе, против Италија која во саботата со 2:1 по продолеженијата ја победи Австрија.
За Белгија ова е четвртото големо натпреварување на коешто стасува барем до четврфиналето, по мундијалите во 2014 и 2018, и европското првенство во 2016-та, кога беше сопрена од Велс. Во Русија, пак, направи чекор натаму совладувајќи го Бразил.