Фудбалската репрезентација на Италија е првиот финалист на годинешното издание на Европското првенство, откако во вторникот на лондонски „Вембли“ ја совлаа Шпанија со подоброто изведување на пеналите откако во регуларниот тек на мечот и по продолжувањата дуелот заврши без победник 1:1.
По првиот дел кој мина во динамична игра но без вистински шанси за погодок на двете страни, во второто кога се чинеше дека селекцијата на Шпанија оствари доминација, Италија дојде во водство во 60 минута преку противнапад во кој поентираше Федерико Киеза. Поангажираната игра на „Фуријата“ доведе до израмнува во 80 минута, кога стрелец беше Алваро Мората. Во продолженијата немаше погодоци.
Во пенал серијата Унаи Симон во првата серија го одбрани ударот од белата точка на Локатели, но неговиот соиграч Дани Олмо го префрли голот на Донарума. Во втората серија Белоти ја донесе Италија во предност, а Морено израмни. Ново водство за „Аѕурите“ во третата серија донесе Бонули, а Тијаго Алкантара погоди за 2:2. Третото водство на Италијанците со прецизен удар го донесе Бернардески, а ударот на Мората го одбрани Донарума, а конечната победа на Италија ја донесе Џоргињо.
Така Италија на второто Европско првенство по ред ја елиминираше Шпанија, отако „Аѕурите“ беа подобри од „Фуријата“ во осминафиналето во 2016 година.
Во своите четвртфинале на континенталните првенства Италија за втората титула ќе игра против подобриот од полуфиналниот судир меѓу Англија и Данска, кој се игра во средата во 21 час, исто така, на „Вембли“.
До единствената титула европски шампион Италија стаса во далечната 1968 година. Потоа Италијанците беа поразени во финалните мечеви во 2000 година од Франција и 2008 година од Шпанија.
Финалето се игра повторно во Лондон на 11-ти јули.